Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна во посета на Киев, јави дописникот на МИА од Софија.
Петков беше пречекан од вицепремиерката на Украина, Олга Стефанишина.
Пред да разговараат со претседателот Володимир Зеленски, премиерот и членовите на бугарската владејачка коалиција, кои се дел од делегацијата, започнаа обиколка на украинските градови погодени од руската воена инвазија – Бородјанка, Буча и Ирпин.
Заедно со нив е и министерот за одбрана на Бугарија, Драгомир Заков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.