Бугарскиот Парламент денеска донесе одлука за укинување на дополнителниот данок на рускиот гас и ограничувањата за руската нафта.

И покрај прекините поради противењето на опозицијата, дополнителната такса за транспорт на руски гас преку Бугарија беше укината со гласање и беше прифатен амандманот со кој се забрзува укинувањето на ограничувањата за увоз на руска нафта, што првенствено ја погодува рафинеријата Лукоил Нефтохим, пренесува бугарски портал.

Дополнителниот данок на рускиот гас е укинат откако Унгарија најави дека ќе стави вето на влезот на Бугарија во Шенген зоната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.