Бугарскиот парламент за денеска свика вонредна седница на која ќе се расправа за нападите врз Бугарите во Македонија.
МНР пак го повика на консултации во Софија амбасадорот Ангел Ангелов поради сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Македонија.
Причината за неговото привремено враќање во земјата, како што посочуваат од бугарското МНР, е сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месеци: подметнување пожар на културниот клуб „Иван Михајлов“ – Битола во јуни 2022 година, трите напади на зградата на клубот „Цар Борис III“ – Охрид, вклучително и пукање со огнено оружје на 24 ноември 2022 година, агресивната антибугарска кампања на социјалните мрежи во Македонија, бруталниот напад на 19 јануари 2023 година на Христијан Пендиков, секретар на организацијата „Цар Борис III“ во градот Охрид, како и донесувањето на дискриминаторскиот закон за фондации и здруженија во Македонија во ноември 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.