По скандалот со купувањето потврди за „букарско потекло“ во село Острени, Голо Брдо, што го открија новинарите на Фикс Фаре на Топ чанел, нов скандал открива Клан телевизија.
Под наслов „Расте цената на бугарскиот пасош во Албанија, сатирично-истражувачката емисија „Стоп“ на албанската телевизија Тв Клан открива колку „доходовен е бизнисот со бугарските пасоши во земјата, кој може да се купи преку нтернет како детска играчка“.
Се тврди дека по објавувањето на пријавата на албанска граѓанка против Лумтурие Ѓана од Тирана која и земала 8.850 евра за два бугарски пасоши, Ѓана била уапсена од страна на албанската полиција.
Уште една пријава до емисијата „Стоп“ дојде од граѓанинот Х со ветување за вадење на бугарски пасош од страна на Блерим Даци. Вели дека дал 15.000 евра, а уште 15.000 ќе ги дадел кога ќе го добиел бугарскиот пасош. Контактирал со посредникот откако имало објава на интернет дека прават оригинални бугарски пасоши. Реков да го запознаам одблиску за да го видам кој е, вели Х.
На прашањето на новинарката за што разговарале. Тој отсечно одговара – за бугарски пасош.
Чинеше 35 илјади фунти. Мене ми остави за 30 илјади евра. Прво му дадов половина, а другата половина откако ќе го добиев бугарскиот пасош. Ми рече дека во рок од 4 месеци ќе добиеш бугарска лична карта и после уште 6 месеци и пасошот и ќе ги предадеш останатите пари. Му дадов 15 илјади евра. Беше септември минатата година. Помина една година откако се занимавам со оваа приказна. Му одам дома, се расправаме за парите, ми го одложува датумот. Таткото на Блерим прифаќа. Таткото на Блерим се вика Хашим Даци, ми потпиша писмо. Барам да ги добијам парите заработени со пот, нагласува тој.
Дали сте сеуште заинтересиран за бугарскиот пасош? прашува новинарката. Граѓанинот: Не го сакам повеќе.
Откако ја добил сумата, Блерим Даци повеќе не се јавувал, а на сцена стапува неговиот татко Хашим Даци, кој преку изјава прифаќа долг од 10.000 евра но до крајот на 30 ноември кога треба да ги врати парите не го направил тоа.
Даци во видео снимка кажува дека има канцеларија во Камза (населба во Тирана), дека во моментот подготвува пасоши за други 4-5 лица, а за биде поверодостоен дека се ќе биде регулатно а не фалсификат, тој му дава број на „Албанец од Тетово кој живее во Софија и кој се занимава со вадење на бугарски пасоши“.
Тетовецот во разговорот со албанскиот граѓанин прво напоменува дека не „работат со лица кои не ги познаваат“, но отакако го споменува името на Блерим Даци, вели дека го познава, најавува дека ќе дојде „следната недела во Македонија“ и закажува средба во близина на Гостивар, каде „ ќе ручаме заедно и ќе разговараме“
Новинарите во емисијата прашуваат како полицијата не ја открива ова мрежа со бизнисот со бугарски пасоши кога се продаваат на интернет.
Бугарскиот пасош подолг период е феномен. Имам 4-5 другари кои неочекувано во 2022 им излегоа дедовците Бугари и зедоа бугарски пасоши. Бугарскиот пасош можи да го купиш на фејсбук како што можи да купиш шаховска табла, играчка за деца. Има рубрики се продаваат гуми за коли, бугарски пасоши, се неведува во емисијата.
Во првиот случај што го разоткрила телевизијата бугарски пасош вредел 9 илјади евра, сега, се додава, цената за бугарски пасош е 35 илјади фунти.
Ова е проблем кој треба да се решат државните структури, зашто пополека не само Голо Брдо, Булќиза и Пешкопеа, Бугари ќе станат многу поголерм број албански граѓани, констатира телевизијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.