Полицијата во Бургас и Окружното обвинителство на вонреден брифинг објавија детали околу насилното убиство на македонски државјанин во Сончев Брег, од страна на 14-годишно момче.
Педесетгодишниот македонски државјанин Игор Николовски бил пронајден мртов во локва крв. Приведен е 14-годишниот Михаил Н., кој со дрвен столб смртно ја удрил жртвата по главата, а потоа телото го покрил со штици.
Како што пренесуваат бугарските медиуми по брифингот – една од верзиите за настанот на која се работи е сексуално насилство од страна на Николовски.
Во вторникот наутро внукот на Николовски, со кого дошле овде на работа во текот на летната сезона, го пријавил за исчезнат. Истиот ден била прогласена потрага по него. Полицијата почнала со акции, испрашувала сведоци, гледала снимки од видео камерите, откривајќи дека Игор патувал со малолетник. Кривичните истражители веднаш утврдиле дека се работи за 14-годишниот Михаил Н. Го однеле на распит во Несебар и додека разговарале со него добиле порака за пронајдено тело. Веднаш била формирана група, се преземаат процесни и истражни дејствија за утврдување на вмешаност на малолетникот. Во текот на овие дејствија е утврдено дека тој е сторителот на убиството, изјави високиот комесар Калојан Калојанов.
Жртвата и убиецот не се познавале пред кобниот ден кога договориле сексуален контакт и за таа цел отишле во шумичката во областа на објектот „Бачвата“. По пристигнувањето, Михаил се повлекол од ветувањето, Игор се налутил и го повлекол, па во тој момент малолетникот земал дрвен кол и почнал да го удира 50-годишниот Македонец по главата. Го убил со неколку удари, па му ги зел парите – 1.800 лева. Недостасува и телефонот на жртвата, кој се уште не е лоциран.
Малолетникот има историја на грабежи и кражби. Нема информации дека одел на училиште.
Сторителот е од семејство со низок социјален статус, се заинтересирани за општа работа што можат да ја најдат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.