Софиската полиција ноќеска постави уште една блокада околу споменикот на советската армија со што сега таму има три во обид да се спречи и денеска да има немири поради неговото демонтирање.
Во реонот околу споменикот што се демонтира има засилено полициско присуство и тој се обезбедува 24 часа, јавија софиските медиуми.
Тензиите почнаа вчера при обидот за демонтирање на споменикот на советската армија во Софија откако во раните утрински часови стапи во акција намерата на подрачната управа искажана пред месеци, а пред споменикот се појави кран.
Се собраа бранителите на споменикот, меѓу нив и пратеници од БСП и „Преродба“ кои се противат на тој потег. Кога заменик-претседателот на БСП, Георги Свиленски се обидел да ги пробие оградите, му била повредена раката.
Споменикот стар 70 години најверојатно ќе биде отстранет на делови од центарот на Софија. Се уште не е јасно каде точно ќе биде преместен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.