Бугарија воведува привремена забрана за увоз на храна од Украина. Исклучок ќе има за стоката во транзит. Ова го соопшти техничкиот премиер Галаб Донев на почетокот на денешната владина седница. Според него, значителни количини украинска храна останале во Бугарија.
Принудени сме да ја усвоиме оваа национална мерка, бидејќи одговорните европски власти сè уште размислуваат за адекватен одговор на променетите околности, рече преодниот премиер.
Главната причина е што во последната година, спротивно на идејата за таканаречените коридори на солидарност, значителни количини храна останаа во земјата и ги нарушија главните производни и трговски синџири. Доколку овој тренд продолжи, па дури и се зголеми, што е сосема реално по воведените слични забрани од други земји, можно е да се дојде до крајно сериозни последици за бугарскиот бизнис, објасни Донев.
Галаб Донев, исто така, посочи дека Бугарија останува солидарна со Украина, но „банкротите на бугарските земјоделски производители нема ништо да придонесат за нејзината кауза“.
Не е познато колку долго ќе важи привремената забрана за увоз на храна од Украина, посочува Дојче веле. Се очекува Владата денеска да донесе одлука на оваа тема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.