Mинистерот за надворешни работи на Бугарија, Николај, кој денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, од европските колеги побарал останатите земји-членки на Европската Унија да изразат солидарност со Софија за притисокот врз бугарската заедница во земјава.
Во изјава за медиумите, министерот за надворешни работи, рекол дека ги информирал своите колеги за претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков.
Ги информирав колегите министри за тоа што се случи во Охрид, но во подолг контекст. Не се работи само за овој инцидент, се работи за тоа дека има ескалација на тензиите и ескалација на притисокот врз бугарската заедница таму. Започна со усвојување на законодавна репресија врз бугарската заедница и нејзиното право на здружување, што покажа, како што им кажав на моите колеги, извонреден консензус меѓу владејачката партија и опозицијата на антибугарска основа. Ова е многу сериозен знак , бидејќи тамошната опозиција и владејачката партија не се разбираат меѓу себе за голем број прашања. Потоа дојде до палењето на бугарскиот клуб во Битола, за што беше изречена условна казна, потоа следуваа три напади на клубови, а виновниците никогаш не беа пронајдени, изјавил Милков за бугарските медиуми. Сепак, БНТ нема информација каков одговор добил Милков од колегите, со оглед на тоа дека оваа точка не била на дневниот ред на состаниокот.
Не е исклучено Бугарија во иднина да го искористи правото на вето за Македонија иако коментарот на Милков бил дека засега тоа не треба да се случи, пренесува БНТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.