Бугарскиот вицепремиер, Асен Василев, говорејќи за националната телевизија БНТ, порача дека Бугарија нема да го поддржи новиот пакет санкции на Европската Унија против Русија доколку не добие изземање од предложената забрана за купување руска нафта.

Нашиот став е многу јасен. Доколку има исклучоци за некои земји, сакаме да го добиеме тоа ослободување. Ако не го добиеме тоа, нема да ги поддржиме санкциите – изјави Василев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.