Српската премиерка Ана Бранбиќ изјави дека изборите на 3 април се клучни, бидејќи уште многу тоа треба да се направи, и покрај што Србија „толку се развила“ и ја зајакнала економија, бидејќи Александар Вучиќ, тргнал од „дебел минус“.

Како што оцени Брнабиќ за ТВ Хепи, на 3 април Србија ќе одлучи дали ќе продолжи да оди по тој пат.

Ако продолжиме и имаме уште четири или пет години стабилност, бидејќи претседателскиот мандат трае пет години – тоа е тоа! Србија ќе излезе од тој повеќедецениски тунел – вели Брнабиќ.

Како што истакнува српската премиерка, ако тоа се случи, Србија ќе биде земја која е доволно стабилна и силна што веќе никој ништо не ќе и може.

Некои политичари и тајкуни кои само би краделе никогаш повеќе нема да можат да дојдат – заклучи Брнабиќ.

Таа ја критикуваше иницијативата „Тргни– промени“ поради најавата за можност за блокада на изборите и истакна дека тоа нема да се случи.

Говорејќи за економијата, Брнабиќ кажа дека Србија според растот на БДП била прва или втора во Европа.

Таа инвестицијата во гасниот интерконектор кај Димитровград, вреден 85,5 милиони евра ја означи како исклучително важна за енергетска сигурност и безбедност, бидејќи значи диверзификација на правците од кои доаѓа гасот.

Брнабиќ објасни дека изградбата на интерконекторот со Бугарија ќе обезбеди Србија да се снабдува со гас од пристаништето Александрополис или Азербејџан и нагласи дека тоа е инвестиција во енергетската безбедност на Србија.

Планот е работите да завршат во третиот квартал наредната година, така што тоа не е толку далечна иднина. Работиме заедно со нашите партнери од ЕУ. Ова е еден од шесте најважни проекти на ЕУ за ова дел од Европа – истакна Брнабиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.