Мандатарката за состав на новата српска влада, Ана Брнабиќ, изјави дека Хрватска со барањето да спречи увоз на руска нафта преку Јанаф покажала дека е „отворено непријателска“ кон Србија.
Единствениот нафтовод на кој сме поврзани, за жал, минува низ Хрватска. Таа покажа дека е небезбеден партнер, небезбеден снабдувач и дека ја користи енергијата за политички цели – изјави Брнабиќ за ТВ Прва, нагласувајќи дека Србија платила за користење на тој гасовод.
На прашањето дали Србија ќе мора да ја преземе сопственоста на Нафтената индустрија на Србија (НИС), како што се шпекулираше, таа изјави дека и денес се шпекулира.
Тоа е една од отворените опции, но засега таквото сценарио не се оствари бидејќи НИС во моментов нема проблем – посочи Брнабиќ.
Одговарајќи дали ќе има последици доколку не се воведат санкции кон Русија, Брнабиќ посочи дека Србија е во „специфична ситуација“ бидејќи била жртва на агресија и заземање на дел од нејзината територија и дека би било цинично и неправедно ако нема разбирање за таа позиција.
Немаме закани, има притисоци, засега прилично добро се справуваме. Успеавме да бидеме единствената земја на европскиот континент што не воведе санкции кон Русија, успеваме – наведе Брнабиќ.
Таа посочи дека „Србија не се откажува од својот европски пат“.
Европа е нашата природна средина и покрај проблемите што ги има – порача Брнабиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.