Претседателката на владата на Србија Ана Брнабиќ изјави денес дека опасноста од атентат на српскиот претседател Александар Вучиќ сè уште не е отстранета.

„Комуницираме и со земјите од Европската Унија за тоа. Ние тоа сè уште не сме го спречиле, и понатаму се води борба и опасноста не е отстранета“, кажа таа.

Таа кажа дека е невозможно шефот на криминалниот кавачки клан Радоје Звицер, за кого се сомнева дека е вмешан во организирањето на атентатот на претседателот на Србија, да е „толку силен“ без поддршка од државниот врв.

„Невозможно е некој од Црна Гора да не знаел за Звицер и да не го спречил тоа. Во тоа не верувам“, кажа Брнабиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.