Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, одби да биде дел од официјалната фотографија на учесниците на самитот на Берлинскиот процес, што се одржува во Тирана.
Таа им се придружи на учесниците дури откако на плоштадот пред „Пирамидата“ почна настапот на фолклорните групи на малцинските заедници во Албанија. На овој начин таа ја следеше истата постапка на шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, кога тој одби да се фотографира на форумот на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес, наведуваат медиумите.
Тие додаваат дека „причина за нефотографирањето на Дачиќ било истакнувањето на знамето на Косово“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.