Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која е предложена за нова претседателка на српскиот Парламент, изјави дека првиот вицепремиер, Ивица Дачиќ, ќе претседава со Владата до изборот на нова влада.

Вчера одржав седница на Владата, донесовме неколку важни одлуки и заклучоци. Се поздравив со министрите, а Дачиќ ќе претседава со Владата на Србија, изјави Брнабиќ за ТВ Прва.

Претседателот на Србија и член на СНС, Александар Вучиќ, пред три дена изјави дека на седницата на Претседателството на СНС кое го има мнозинството пратеници во Собранието, било договорено Брнабиќ да биде кандидат за претседател на Собранието на Србија.

Брнабиќ, по седум години на чело на Владата на Србија, порача дека функцијата претседател на Народното собрание ќе биде голем предизвик за неа.

Ова сега е сосема друга работа и почнувам да учам од вечерва, изјави Брнабиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.