Србија и Косово постигнаа договор за документите за лична идентификација, изјави денеска комесарот на ЕУ за надворешна политики и безбедност Жозеп Борел. Тој на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Твитер објави дека Србија се согласила дека нема да им издава влезни и излезни документи за жителите на Косово, додека Косово се согласи да не воведува такви документи за жителите на Србија.
Србите што живеат во Косово, како и сите други граѓани, ќе можат да слободно да се движат меѓу Косово и Србија користејќи ја само личната карта. ЕУ доби гаранција од Курти за тоа, напиша Борел на Твитер.
Тој додава дека ова е европско решение и дека им честита на двајцата лидери за одлуката и лидерството.
Прашањето за регистарските таблички кое досега беше спорно во односите меѓу Србија и Косово се уште не е решено. Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак ги пофали напорите на специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар и американската дипломатија за вкучување во дијалогот и постигнувањето на компромис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.