Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за време на нивниот телефонски разговор, ја истакнале потребата за задржување на стабилноста во Источниот Медитеран.

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Блинкен му се јавил на Мицотакис да му ја честита победата на изборите и изразил надеж дека ќе продолжи соработката со грчката Влада, како на билатерално ниво, така и во рамките на НАТО.

Мицотакис вчера, како што објави МИА, телефонски разговарал и со турскиот претседател и германскиот канцелар, кои исто така му се јавиле за да му ја честитаат победата на изборите во неделата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.