Американскиот државен секретар Ентони Блинкен преку писмо до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас изразил благодарност за придонесот на Грција во Меѓународните сили за безбедносна помош (ИСАФ), кои беа распоредени во Авганистан, јави грчката агенција АНА-МПА, повикувајќи се на дипломатски извори.

Блинкен во писмото, го споменал придонесот на 3.300 припадници на грчките вооружени сили кои служеле како во ИСАФ, така и подоцна во мисијата „Одлучна Мисија за поддршка“, а се заблагодарува и за успешно завршените низа активности поврзани со клучни инфраструктурни проекти на аеродромот во Кабул, обезбедување хуманитарна помош и безбедносните и одбранбените операции.

Паралелно, Блинкен споменал дека Грција претставува стабилен сојузник на САД и дека е од витално значење соработката што ќе продолжи и во иднина, заснована на заедничките вредности во двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.