Додека двајцата туристи уживале во огнени коктели на Хвар се стекнале со тешки изгореници, објави „24 сата.хр“. Едно лице ги повредило двете раце, додека друго се здобило со изгореници на 25 отсто од телото.

Полициските службеници на Сплитско-далматинската управа добиле известување за несекојдневен инцидент, во кој биле повредени маж и жена. Како што соопштија, тие двајца се повредиле во ресторан на Хвар додека пиеле огнени коктели. Жената ги повредила двете раце, а мажот се здобил со изгореници на 25 отсто од телото.

Мажот е задржан на понатамошно лекување, но според болницата не е во животна опасност. Жената се здобила со полесни повреди и по прегледот била пуштена од болница.

Несреќните туристи не се единствените на кои им се случило вакво нешто, а на социјалните мрежи има видеа кои покажуваат дека нарачувањето на ваков егзотичен пијалок може да заврши со неочекуван и непосакуван исход.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.