Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека нема потреба од создавање резерви на шеќер, дека проблемот е решен, а поради вештачки недостиг, државните органи ќе се позанимаваат со случајот на тајкунот од областа Колубара, кој сакал да заработи многу пари и да ја измами државата.

Најави дека со овој случај ќе се позанимава БИА и државните органи, а граѓаните ќе имаат шеќер, сол, брашно, зејтин.

Посочи дека за некои други намирници имало обид од истиот тајкун да купи се, мислејќи ја мамел државата и ги избегнувал обврските што постојат.

– Успеваме се да завршиме. Луѓето не треба да се грижат. Имаме толку шеќер што можеме во секое време да интервенираме – рече тој и апелираше до граѓаните да не купуваат премногу за да не пропаднат. Брашното не издржува со години, да не го фрламе. Барам граѓаните да го купат само она што им е потребно – истакна Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.