Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, лидерите на  ОВК на кои им се суди во Хаг за најмонструозните злосторства, збеснаа кога дознаа дека Специјалниот суд доделил статус на жртви на уште 12 лица.

Овие луѓе седиректни жртви на злосторства извршени од  ОВК на кои од минатата година им се суди во Хаг.

Еди од сведоците детално раскажа и како настанала озлогласената „жолта куќа“ на северот на Албанија, во која монструми им ваделе органи на Србите.

-Ранет беше најдобриот пријател на Тачи и префрлен на северот на Албанија, во  жолтата куќа. Истиот или следниот ден донесоа затвореник на кој му извадија бубрег и му го пресадија на ранетиот пријател на Тачи изјави овој заштитен сведок.

Според податоците кои ги изнесе на обвинителството, во овој објект поради вадење органи биле убиени 162 лица.

– Повеќето од нив беа Срби. Убија и Албанци кои не беа лојални на ОВК. Се поврзаа со Турција и со луѓе од Дубаи и Израел. Најскапиот орган беше човечкото срце – изјави овој сведок од кого најмногу се плаши Хашим Тачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.