По неколкумесечно отсуство од собраниската сала, поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, Сали Бериша, од собраниското столче упати тешки обвинувања на адреса на премиерот Еди Рама и лидерот на опозицијата, Љуљзим Баша.

Бериша побара парламентот да расправа за отворање истрага против „двете глави на медузата“, кои според него се Рама и Баша.

Против двајцата политичари треба да се почне истрага за перење пари, преку криминални дејствија. Доколку сакаме да бидеме сериозни во борбата на овој грозен криминал кој ги храни сите други видови криминали, вклучително и тероризмот, треба да спроведеме темелна истрага, како за главата на медузата (Рама), која испра над 200 милиони евра, така и за неговиот заложник (Баша), чие прашање го затвори во Апелацискиот суд и не го испрати до Врховен со посебна наредба – обвини Бериша.

Во моментите додека Бериша продолжуваше да зборува со остар и навредлив тон, претседателката на законодавниот дом, Линдита Никола, му го исклучи микрофонот, но тоа не го спречи да продолжи со обвинувањата и без вклучен микрофон.

Откако во септември Баша го исклучи Бериша од пратеничката група на демократите, тој со уште шест пратеници, кои се негови подржувачи, седат оддвоено од останатите нивни сопартијци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.