Бебето кое беше спасено откако помина повеќе од 128 часа под урнатините по силниот земјотрес во Турција на почетокот на февруари, повторно си ја најде својата мајка по разделеност од 54 дена.
Три иполмесечното девојче, кое здравствените власти го нарекоа мистерија, на 11 февруари беше спасено од урнатините на уништената зграда во Хатај и веднаш беше хоспитализирано.
Министерката за семејство и социјала, Дерја Јаник, објави фотографии од емотивната средба на мајката и ќерката.
Таа информира дека се утврдило оти жената, која претходно била прогласена за мртва, била хоспитализирана во друга болница, но ДНК-тестот потврдил дека е во роднинска врска со бебето.
По земјотресот, со своето семејство најдовме уште едно дете, кое беше под институционална заштита во Анкара. Ветин Бегдаш, на која акушерките ѝ го дадоа името Гизем, по 54 дена, се враќа со мајка си во Адана“, напиша Јаник.
Видеото од средбата меѓу мајката и ќерката стана вирално, а илјадници корисници на социјалните мрежи ја поздравија оваа одлична вест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.