Осигурителната компанија „Миленијум осигурување“ ги извести сите оштетени лица-патници дека согласно Дописот на Министерството за туризам и млади на Република Србија бр.000319398 2023 од 03.01.2024 година, прогласена е инсолвентност на туристичката агенција „Барцино турс“, пренесуваат српските медиуми. Станува збор за агенција која имаше свои канцеларии и во Македонија.

Проблемите за туристичката агенција почнаа од крајот на октомври минатата година кога ѝ беа блокирани сметките. Тогаш од туристичката агенција за „Телеграф“ потврдија дека сметката е блокирана, но тврдеа дека тоа е поради „погрешна пресметка“.

Тврдеа и дека работата на агенцијата тече вообичаено и дека сите филијали во Србија се отворени. Но, телефонските броеви на нивните филијали денеска не постојат.

Според податоците на Народната банка на Србија, „Барцино“ од денеска е блокиран за 19.010.506 динари, односно за нешто повеќе од 161.000 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.