Во Нови Сад е уапсена Р.З.(63) поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело злоупотреба на положбата одговорно лице.

Таа е осомничена дека во периодот од 2016 до 2018 година ги злоупотребила овластувањата како вработена во банка во Нови Сад и извршила повеќе безготовински трансакции на штета на клиентите на банката.

Тие пари, обвинетата потоа ги префрлала на нејзината тековна сметка и на тековните сметки на членовите на нејзиното семејство.

На овој начин, таа за себе и за други прибавила противправна имотна корист од 15.925.527 српски динари односно 127.772 евра, сума за која ја оштетила банката.

На осомничената и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведена во надлежното обвинителство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.