На територијата на општина Лазаревац, околу 6 часот и 30 минути утринава, на патот Аранѓеловац се случи сообраќајна несреќа кога автобус со кој управувал „Ласта“ излетал од патот. Во незгодата шест лица биле прегледани и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Угрентен центар.

Според информациите на Танјуг, бројот на повредени е осум, од кои шест лица се тешко повредени и пренесени во Ургентниот центар во Белград, а две лица се здобиле со полесни повреди.

На делницата каде што се случила несреќата нема застој во сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.