Авион на „Ер Србија“ полета од аеродромот во Бејрут и покрај израелските воздушни напади во непосредна близина.

Станува збор за специјален лет на „Ер Србија“ организиран од српската Влада, кој со 88 патници од Либан, успешно слета на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, со што се обезбеди евакуација на српските граѓани.

Најголем дел од патниците се државјани на Република Србија, а некои државјани на соседните земји живеат или престојуваат во Либан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.