Душан Спасојевиќ-Шиптар кон крајот на деведесеттите купил накит вреден пет милиони за само 150.000 марки од крадци, меѓу кои бил и пријателот на Жељко Ражнатовиќ, Аркан, тврди во својата книга Сретко Калиниќ.

Калиниќ кој е со прекар „звер“ тврди дека Жељко Ражнатовиќ се плашел од Душан Спасојевиќ, Миле Луковиќ Кум и нивниот „Земунски клан“.

Украдениот накит Спасојевиќ подоцна „го поделил на политичарите и нивните сопруги“.

– Душан ја ставаше раката во торбата полна со накит и вадеше онолку колку што можеше да достигне и така го делеше-напиша Калиниќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.