Најсуровиот убиец на Земунскиот клан, Сретко Калиниќ кој издржува 40-годишна затворска казна за убиства и учество во атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, по 20 години во книга ги открива тајните на оваа мафијашка група.

Во својата книга Сретко Калиниќ, познат како Бели или Ѕвер, дава непознати детали за злосторството од деведесеттите и тајните на Земунскиот клан.

Кон крајот на деведесеттите, Душан Спасојевиќ купи накит вреден пет милиони за само 150.000 марки од крадци, меѓу кои бил и пријателот на Жељко Ражнатовиќ – Аркан. Ако Аркан го повикаше да се побуни, немаше да живее ни ден. Аркан кон крајот на деведесеттите се плашеше од Душан Спасојевиќ, Миле Луковиќ Кум и нивниот „земунски клан“ – тврди Калиниќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.