Националната криминалистичка служба за разузнавање на Велика Британија  имала досие во кое се укажува дека ликвидацијата на новинарката Џил Дандо всушност била одмазда за нападот на Радио и телевизија на Србија.

Британците се убедени дека убиството на репортерката било нарачано од Жељко Ражнатовиќ Аркан, и дека еден од осомничените директни извршители е со српско потекло.

Британски „Мирор“  објави дека убиецот би можел да биде Милорад Улемек Легија, кој во Србија издржува затворска казна од 40 години за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.