Премиерот на Приштина, Албин Курти, денеска на седницата на Собранието во Приштина презентираше шест услови за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), пренесува „Репортери“.
1. ЗСО мора да биде во согласност со уставот и законите на Косово.
2. ЗСО не може да биде еднонационална, мора да го смени името и да служи само за хоризонтална соработка на општините.
3. Правата на националните малцинства и соодветните заштитни механизми треба да го зајакнат принципот на реципроцитет меѓу, како што наведе, „двете држави“ и да ги земат предвид европските стандарди и модели.
4. Пред формирањето на ЗСО, мора да се изгаснат „нелегалните структури на Србија на север“, како што наведе тој, и да се предаде целото нелегално оружје.
5. ЗСО мора да биде дел од конечниот договор и да се спроведува по, како што вели, „взаемното признавање“.
6. Услов на Курти е претседателот на Србија да ги повлече писмата испратени до највисоките функционери на петте земји членки на ЕУ кои не ја признаваат самопрогласената независност на Косово, во кои бара тие држави да не ја прифатат апликацијата на Приштина за членство во ЕУ, пренесува „Танјуг“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.