Албанија забранува употреба на мобилни телефони, за време на настава, во основните и средните училишта и за учениците и за наставниот кадар.
-За елиминирање на масовната појава на употреба на мобилни телефони за време на наставата, Министерствата за образование и за финансии, потпишаа заедничка наредба, која има за цел забрана на користењето мобилни телефони на учениците од предуниверзитетското образовани. Истото се однесува и за просветните работници, јавија медиумите.
Тоа значи дека, за разлика од претходната наредба, која речиси и не се почитуваше, овојпат забраната не е наменета само за учениците, туку и за самите наставници кои ќе работат внатре во училиштето.
Документот е потпишан од министрката за образование Евис Куши и за финансии Делина Ибрахимај.
– Институциите надлежни за предуниверзитетско образование и управите на учклиштата да преземат мерки за спроведување на наредбата за забрана на употреба на мобилни телефони за време на наставниот процес. Мерките за забрана за користење на мобилни телефони во текот на процесот на учење треба да се вметнат во интерната регулатива на предуниверзитетската образовна установа, стои во уредбата.
Во случај да не се почитува наредбата и да се користи мобилен телефон од страна на ученици или наставници во просториите на училиштето, управата на установата ќе го одземе мобилниот телефон а ќе примени и дисциплински мерки.
Училиштата се задолжени со оваа мерка навреме да ги запознаат родителите на децата до средината на идниот месец, кога почнува новата учебна година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.