Албанија им нареди на сите градови да ги исклучат светилките во јавните институции доколку е потребно и да го исклучат уличното осветлување поради енергетската криза предизвикана од сушата и наглото поскапување на струјата. Поради недостиг на вода, државното претпријатие за електрична енергија КЕШ во неделата запре 11 од 13 турбини во хидроцентралите и беше принудена најголемиот дел од побарувачката на струја да ја задоволи со увоз, пренесува Индекс.

Хидроцентралите со месеци се борат со оскудни врнежи, а и онака тешката ситуација ескалира минатата година во криза кога цената на струјата се зголеми за четири пати, не само во Албанија, туку и во другите европски земји. Руската инвазија на Украина додаде масло на огнот, а владата најави дека цените би можеле да пораснат и до 1.000 евра за мегават-час.

Во следните два дена нема да има дожд и работите само се влошуваат, затоа мораме да се потпреме на увозот – изјави во неделата министерката за енергетика Белинда Балуку.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.