По хаосот што го предизвикува опозицијата во албанскиот Парламент, владејачките социјалисти побараа под итно донесување измени и дополнувањата на Деловникот за работа и заострување на казнените мерки.

Во овој контекст, на денешната средба на парламентарната група со партискиот лидер и актуелен премиер, Еди Рама, социјалистите се договориле измените да бидат на дневен ред на седницата в четврток, на 14 декември.

Тие и со барање од работата на собранието да се исклучат седум опозициски пратеници за хаосот што го предизвикаа на последната седница.

Претходно, по извршениот увид од страна на екипа на Полициската станица бр.1 во Тирана во соработка со агенти на Бирото за истраги, достави материјали до Специјалното обвинителство за насилните инциденти и хаосот што го предизвикаа пратениците на групата на Газменд Барди и на Сали Бериша.

Тие ќе одговараат за уништување државен имот.

Редовно, повеќе од два месеца опозициските пратеници на секоја пленарна седница предизвикуваат хаос во собраниската сала, со пуштање димни бомби, палење факели, физички напади врз обезбедувањето. На последната седница, во четвртокот, Фламур Нока, поранешен министер за внатрешни работи се обиде да потпали столче во салата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.