Она што и се очекуваше беше и потврдено во Брисел: Албанија практично ги почнува преговорите со ЕУ на 15 октомври.

Постојаните претставници на земјите членки на ЕУ на денешната средба едногласно решија Албанија да ги започне преговорите со Унијата со отворањето на првиот кластер „Темелни вредности“, јави Бугарското национално радио.

Стартот ќе на меѓувладината конференција меѓу ЕУ и Албанија што ќе се одржи во Луксембург.

Со тоа, како што наведуваат дипломатски извори во Брисел практично се разделуваат Македонија и Албанија на патот кон ЕУ. Македонија и Албанија во ист ден ги одржаа првите меѓувладини конференции во јули 2022.

Неодамна тоа го најави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, кој рече дека „целта е во октомври да се одржат меѓувладини конференции со Србија, Албанија и можеби Македонија.

Со разделувањето на Македонија и Албанија нашата земја останува на празен простор меѓу оние во Западен Балкан кои ги почнале преговорите (Црна Гора, Србија и за три недели Албанија) и оние што се далеку од таа фаза (Босна и Херцеговина и Косово).

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.