Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија упатила повик до НАТО да учествува во финансирање на воена поморска база во Драч.

Рама на прес-конференција соопшти дека на самитот на НАТО во Мадрид изнел детали за изградбата на поморската база, пренесе Анадолија.

На самитот разговаравме за нашиот проект и верувам дека ќе се вратиме во Брисел за продолжување на проектот и предлогот кој не само што предизвика интересирање, туку и желба за продлабочување на разговорите за поставување на поморска база во Драч, која освен комерцијалниот и трговски дел би имала и воен – изјави Рама.

Тој додаде дека наскоро за ова прашање ќе се одржи посебен состанок со комплетниот албански експертски тим и со стручњаци од Алијансата за детално да се претстави проектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.