Грчката полиција во рамките на меѓународна полициска акција уапси албански државјанин кој наводно бил вмешан во четири убиства на членови на црногорската мафија во Грција во 2020 година – со што се зголемил бројот на осомничени зад решетки во повеќе земји!
Полицијата соопшти дека Албанецот учествувал во складирањето и транспортирањето на оружјето употребено во убиствата на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во Атина, како и во бегството на членовите на бандата по убиството на Крф, од Сивота до Халкидики, а потоа во странство, пренесува„ Дан“.
Грчката полиција потврди дека осомничениот е 44-годишен албански државјанин по име Абас Раби,уапсен е на 27 февруари, во неговата куќа.Додека вечерале во кафана во Атина, пред четири бea убиени Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „Република“ најави дека ќе бидат проверени сите дадени пасоши на светски и регионални криминалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.