Италијанската полиција уапсила албански државјанин откако биле пронајдени и запленети повеќе од 40 килограми чист кокаин, чија вредност на пазарот достигнува 10 милиони евра, јави Топ чанел.
Полицијата при рутинска контрола го запрела автомобилот марка „голф” управуван од 30-годишниот Албанец, чиј идентитет не се наведува. При претресот на автомобилот била пронајдена кеса со еден килограм кокаин, а потоа бил извршен претрес и неговата куќа каде биле пронајдени уште 40 килограми кокаин и пиштол со сета потребна муниција, наведува телевизијата.
Во куќата, што се користела како лабораторија и магацин, полиција пронашла поголема сума пари за кои основано се сомнева дека се од продажба на кокаин.
Од првичната истрага се покажало дека притворениот албански државјанин бил баран од Гуардија ди финанца од градот Бреша.
Уапсениот бил притворен во затворот Монтакуто, а дрогата, парите, оружјето и другата муниција пронајдени при претресот биле запленети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.