Поради анонимна закана за поставена бомба, денеска беа затворени двата терминала на аеродромот во Софија.

Како што јавија бугарските медиуми, аеродромот бил алармиран околу девет часот по локално време, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор.

Поради таа причина и од двата терминала се евакуирани лица – соопшти прес-центарот на Министерството за внатрешни работи, кое спроведува истрага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.