За време на полициска акција во Бугарија е приведен поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов. Покрај Борисов, приведени се и советничката за медиуми Севдалина Арнаудова, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната пратеничка и претседателка на Комисијата за буџет, Менда Стојанова.
Тие се приведени во акцијата на бугарското МВР во врска со истрагата на Европското обвинителство.
Според локалните медиуми, полицијата врши претреси и заплени на повеќе локации. Од тамошното МВР посочија дека „акцијата е итна“, што значи дека обвинителството не било известено за тоа.
Бојко Борисов е изнесен од неговиот дом во Банкаја и однесен во станица, изјави адвокатот на поранешниот премиер Менко Менков.
– Борисов не знае зошто е приведен. Куќата на Севдалина Арнаудова е претресена и најверојатно и таа ќе биде приведена, рече адвокатот.
Менков потенцира дека против Борисов не е покренато обвинение.
– Беше извршен итен претрес без дозвола на судот. Ќе биде задржан во полиција 24 часа. Постапката трае од 17 март и не ми кажаа за што се работи, нагласи адвокатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.