Граѓанското движење УРА се уште нема заземено официјален став по однос претседателските избори, ќе видиме кои ќе бидат кандидатите, но најважно е што Мило Ѓукановиќ повеќе не е претседател на државата, изјави премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ.
Абазовиќ тоа го истакна пред медиумите, искористувајќи ја можноста да даде коментар по однос изјавата на пратеникот на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, кој рече дека Црна Гора е пред институционален колапс.
„Ескобар е пријател на Црна Гора и ако се гледа од перспектива на Уставниот суд, никој не може да игнорира дека сме во многу незавидна ситуација. Што се однесува до другите работи, мислам дека системот нема никаков проблем со функционалноста и мислам оти тоа го чувствуваат граѓаните“, рече Абазовиќ.
Тој уште еднаш ги повика пратениците да ги изберат сите четворица судии на Уставниот суд.
„Ако не бидат избрани на 10 февруари, на сите им е јасно кој ќе биде виновникот“, додаде Абазовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.