Поранешниот претседател на црногорската влада Дритан Абазовиќ тврди дека неговиот кабинет во август минатата година не падна поради Основниот договор што го потпишал со Српската православна црква, туку поради „бескомпромисната борба против криминалот“.

Тој исто така тврди дека таа влада не е формирана со поддршка на ДПС, туку, како што вели, со гласови на пратеници во државниот парламент.

Абазовиќ во емисијата „Наглас“ рече дека доказите за криминални активности во Црна Гора се на безбедно, а на потег се институциите одговорни за борба против криминалот и корупцијата.

Тој нагласи дека никој не е недопирлив, туку сите се еднакви пред законот и изрази уверување дека Црна Гора никогаш не видела таков вид на демократски напредок што го видела за време на неговата влада.

Сè може да се случи, на цивилизиран, достоинствен, културен начин, имаме и нов состав на парламентот, рече Абазовиќ.

Тој е убеден дека неговата, 43-та Влада, има такви резултати што новоформираната, како што наведува, нема да може да ги надмине и достигне.

Нема мафија која не е нападната. Ги таргетирав сите, со ваков тип на обвинителство и судство, веројатно ќе потрае малку време, рече Абазовиќ, кој сега е лидер на опозициското Граѓанско движење Ура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.