Со чекан и нож, 19-годишен утрово упаднал во средно училиште во Атина и ги повредил директорот и еден ученик, кои се пренесени во болница, а сторителот е уапсен, јави дописничката на МИА од Атина.
Неофицијално момчето рано утрово влетало во училиштето и со чеканот го нападнал ученикот, а веднаш потоа со нож го нападнал и директорот, а двајцата повредени не се во животна опасност.
Според грчките медиуми, сторителот, со потекло од Грузија го нападнал ученикот со потекло од Нигерија, бидејќи бил во конфликт со неговиот брат, додека пак директорот настрадал во обид да го спречи, сега веќе уапсениот, 19-годишен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.