Осумнаесет годишник е уапсен во Сомбор откако се заканувал дека на училиште ќе дојде со автомат. Уапсен 18-годишен ученик во Сомбор, се заканувал со оружје
Сомборската полиција соопшти дека младото момче е уапсено поради сомнение дека сторил кривични дела загрозување на сигурноста и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали. На социјалните мрежи се заканувал дека ќе дојде на училиште со автомат, што и усно го повторил.
По наредба на Основниот суд во Сомбор, полицијата извршила претрес во станот во кој живее осомничениот и пронашла осум куршуми.
На 18-годишникот му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава е спроведен во Обвинителството на Основното јавно обвинителство Сомбор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.