ДКСК да се охрабри, и дезертерот Ковачевски призна дека е исплаќана државна помош на фирма основана од него додека бил на функција, само тие не смеат да отворат истрага.Над 300.000 евра се префрлени од владата или од ФИТР кон Пиксел груп додека Ковачевски бил заменик министер или мандатар за состав на нова влада, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски самиот призна дека се вршени исплати од државата кон Пиксел груп.Истата таа Пиксел груп е фирмата која за само една година од основањето гради фабрика за производство на фотоволтаични панели.

Пиксел груп е фирмата во средината на соларниот картел на аферата Броило, заедно со КМГ ЕОЛ Квазар формирана од кумот на Ковачевски, која се јавува на државни тендери, и склучила договори во висина од 2 милиони евра, со разни државни институции откако е СДС на власт. Но и договор со ЕВН во вредност од над 2 милиони евра.

КМГ ЕОЛ Квазар добива, а Пиксел груп произведува. Парите завршуваат кај фирмата основана од Ковачевски.

И истата таа Пиксел груп 8 месеци откако Ковачевски станува премиер почнува со инвестиција на фабрика во ТИРЗ Тетово со бугарски партнер во висина од 54 милиони евра.

ДКСК да не чека. Фактите за судир на интереси се насекаде. Да е отвори постапка веднаш. Одговорност мора да има.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.