Напаѓачот на европскиот првак Реал Мадрид, Карим Бензема ја освои вечерва наградата „Златна топка“ која традиционално се доделува во изборот на списанието Франс фудбал, додека признанието најдобра фудбалерка втора година по ред и припадна на Алесиа Путелјас од Барселона.

На свеченоста во парискиот театар „Шатале“, Бензема беше награден за исклучителната сезона во која го предводеше мадридски Реал до титулата во Шпанија и освојувањето на трофејот во Лигата на шампиони.

Втора година по ред признанието „Герд Милер“ за најдобар голгетер го освои Полјакот Роберт Левандовски, кој сезонава се пресели од Баерн Минхен во Барселона.

Наградата „Лав Јашин“ за најдобар светски голман му припадна на Тибо Куртоа од Реал.

За најдобар млад фудбалер во светот во сезоната 2021/22 е прогласен Гави од Барселона.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.