Владо Неданоски ќе биде тренер на ракометарите на Вардар во новата натпреварувачка сезона. Тој ќе го замени шпанскиот стратег Давид Дејвис кој си замина бидејќи „црвено-црните“ во следната сезона нема да играат во Лигата на шампионите (ЛШ).
Недановски претходно работеше како помошник-тренер со Стевчо Алушевски и со Веселин Вујовиќ.
Ние имавме договор со Дејвис тој да остане на чело на екипата, но тоа беше додека требаше да бидеме дел од Лигата на Шампионите. Се видовме повторно во Келн, тој веќе ја знаеше одлуката на ЕХФ и јасно беше дека сака да си замине. Јас во главата веќе имам адекватна замена, тоа е Владо Недановски, млад стратег што знае како да го води Вардар, што соработуваше со сите тренери во изминатите години и поседува квалитет за да ја води екипата. Ако Дејвис во меѓувреме се премисли или не најде клуб, може да се јави да се договориме за да се врати назад во Вардар, порача Михајло Михајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.