Женскара ракометна репрезентација на Македонија загуби од Украина во првиот натпревар од квалификациите за Светското првенство.

Украинките беа подобар противник практично во текот на целиот натпревар, а таа доминација ја отсликуваше и резултатот на полувреме, кое заврши со предност од 14:8 за украинската репрезентација.

Нашите ракометарки заиграа подобро од почетокот на вториот дел, па кон средината на овој дел дојдовме и до изедначување, 16:16. Сепак, по тој момент, Украинките направија серија од 3:0, со што повторно ја презедоа контролата врз резултатот и ја одржаа предноста до крајните 24:22.

Реваншот од овој двомеч го играме на 11 април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.