Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 одигра доминантно и со убедлива победа на домашен терен (32-20) му се одмазди на Еурофарм Пелистер 2, единствениот тим кој го победи на домашната сцена оваа сезона.

Избраниците на Давид Дејвис Камара сериозно си ја сфатија задачата, за разлика од претходниот дуел во Битола кога му дозволија на противникот да има егал-натпревар и да води во одредени моменти. На овој меч Вардар водеше од почетокот до крајот и заслужено го освои целосниот плен во СЦ „Јане Сандански“.

Најдобар кај Вардар беше Тимур Дибиров со седум гола, додека Оливие Њокас и Куни Моралес стрелаа по четири пати, а Филип Талески и Ален Ќосески завршија со по три гола. Кај Еурофарм Пелистер 2 најистакнати беа Павле Петровиќ и Филип Арсеновски, двајцата со по четири гола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.