Францускиот ракометен тим на Нант ја забележа втората победа после зимската пауза откако на домашен терен го совлада тимот на Сен Рафаел со 38:32 вторпат за шест дена во меч од 16. коло во француското првенство.

Македонскиот ракометен селектор и капитен Кире Лазаров се врати во составот на Нант после повредата која ја заработи непосредно пред почетокот на Европското првенство, но не се запиша во листата на стрелци на овој меч.

Нант стигна до сигурна победа против Сен Рафаел откако после првите 30 минути имаше водство од 17:14, а во продолжението сигурно ги контролираше играта и резултатот и не дозволи противникот да се доближи за победа и нови бодови. Предводник во победата на Нант беше Емерик Мин со седум гола, додека Пешмалбек беше стрелец на пет погодоци. Во тимот на Сен Рафаел со седум гола прв стрелец беше Вадим Гајдученко.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.