На 22.05.2022 околу 18:15 часот во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода А.Б.(20) од Скопје затоа што влегол во салата со околу 15 лица од навивачка група и нападнале едно лице, а се обиделе и физички да се пресметаат со припадници на друга навивачка група кои биле во салата на ракометен натпревар.
При интервенцијата едно лице од групата физички нападнало полициски службеник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.